Русија ќе произведува забранети ракети, но нема да ги распоредува

Facebook
Twitter
Email
Print

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска изјави дека Русија ќе произведе ракети од ерата на студената војна, кои се забранети според нуклеарниот договор кој истече минатиот месец, но додаде дека Москва нема да ги распоредува доколку тоа претходно не го направат САД.

 

Зборувајќи на економски форум на Далечниот исток, Путин рече дека е загрижен за евентуалното американско распоредување на ракети во Јапонија и Јужна Кореја, бидејќи тоа би претставувало закана за голем дел од територијата на Русија, пренесе ТАСС.

 

„Ако американските ракети бидат распоредени во Јапонија или Јужна Кореја, разбираме дека тоа ќе биде направено за да се избалансираат потенцијални закани од Северна Кореја, но тоа ќе ни создаде одредени значителни проблеми“, истакна денеска Путин.

 

Според неговите зборови, тие ракетни системи најверојатно би можеле да стигнат до цели на голем дел од територијата на Русија, вклучувајќи го и Далечниот исток.

 

Вашингтон минатиот месец се повлече од Договорот за ликвидација на ракети од среден и краток дострел, обвинувајќи ја Русија дека го прекршила тој договор, нешто што Русија пак го негира.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци