Светско првенство во параглајдинг со запалена депонија во Крушево

Во денови кога се одвива Светското првенство во параглајдинг, што е од големо значење за развој на алтернативниот туризам, кој е повеќе од потребен со цел Крушево да стане град за четири сезони, крушевчани и туристите се соочуваат со голема непријатност – гори депонијата која се наоѓа на самиот влез на градот.

 

Тоа секако воопшто не преставува убава слика за градот, ниту за домашните, ниту за странските туристи, а особено за крушевчани, според кои ова не е прв пат да гори локалната депонија.

 

„Учесниците на Светското првенство во параглајдерство ќе понесат „силни“ смрдливи импресии. А крушевчаните се навикнати на вакви и слични тортури“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

 

Од УМС на ВМРО-ДПМНЕ Крушево ги повикаа надлежните на град Крушево да им овозможат непречен тек на учесниците на светското првенство во параглајдинг и да го изгаснат ѓубриштето.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци