Се гради цевковод во Јакреново за решавање на проблемот со водоснабдување

 

 

Општина Крушево започнува со изградба на цевковод во Јакреново, реконструкција и изградба на каптажи.

 

Овој проект, кој е прва фаза, означува почеток на решавање на проблемите со водоснабдување во ова населено место.

 

„Започнуваме со изградба на цевковод во с. Јакреново во должина од приближно 1 километар. Со ова еднаш засекогаш ќе се решат проблемите со водоснабдување. Втора фаза од овој проект, за што имаме обезбедено средства, е изградба на резервоар за вода.“, изјави градоначалникот на општина Куршево Томе Христоски.

 

Проектот се реализира со финансиска поддршка на Министерството за животна средина.

 

На водоснабдувањето на општина Крушево се работи уште од крајот на 2017-та година. Се изврши доградба на цевковод во с. Саждево, се изградија резервоари за вода во населените места Борино и Белушино, а општина Крушево обезбеди средства за водоснабдување во градот кое повремено создава проблеми, како и големи трошоци за општината.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци