Тодоровска заврши на 85.место на 10.км крос-кантри

Facebook
Twitter
Email
Print
Македонската скијачка Викторија Тодоровска денеска го имаше своето деби на Зимски олимписки игри во Прјонгчанг.  17-годишната Тодоровска настапи во трката на 10.км крос-кантри.
Во конкуренција на 90 натпреварувачки, Македонката се пласира на 85.место.
Тодоровска со време од 32:57.06, беше за седум минути и 57 секунди побавна од победничката Рагнхилд Хага од Норвешка. Среброто и припадна на Швеѓанката Шарлот Кала, а бронзата на Норвежанката Марит Бјерген.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира