Токај Асу – најскапото вино на светот

Унгарскиот производител на вина Ројал Токај, во Токајската Област, е најпознат по своите десертни вина. Едно шише кај нив чини 40.000 долари, а целта е оживување на традицијата – тоа да биде консумирано од кралевите и енолозите.

 

Во оваа вулканска област во североисточна Унгарија виното Токај Асу се прави со помош на посебна мувла и габички, што служат за концентрација на шеќер. Виното е познато токму по богатиот вкус и комплексноста.

 

Францускиот крал Луј Четиринаесетти го опишал ова вино како „вино на кралевите и кралот на вината”.

 

Вредноста на виното само се зголемува со неговата старост.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира