Холандија експериментално ќе одобри легално одгледување канабис

Facebook
Twitter
Email
Print

Холандската Влада донесе одлука да дозволи експериментало легално одгледување на канабис во десет оштини во земјата.

 

Владата реши да дозволи одгледување на канабис за да се процени влијанието врз криминалот, безбедноста, нарушувањето на јавниот ред и здравјето, се наведува во соопштението на холандскиот владин Кабинет.

 

Согласно одлуката, во следните четири години во десет општини ќе биде овозможено легално и контролирано одгледување на канабис, кој ќе се продава во „кофи шоповите“ низ земјата.

 

Холандија уште во 1976 година дозволи легална продажба на марихуана во количество до пет грама, а на секој граѓанин му беше овозможено одгледување до пет корени канабис за лична употреба.

 

Продажбата и одгладувањето на канибис на големо и натаму е забрането, поради што сопствениците на „кофи шоповите“ не ретко се снабдуваа со марухана од криминалните групи, со цел да ги задоволат потребите на гостите.

 

Со последната владина одлука ќе се гарантира легално снабдување на „кофи шоповите“ со потребните количества на канабис.

 

„Важно е обезбедување на затворен цуклус на производство. Не смееме да дозволиме снабдување со канабис преку нелегалните мрежи“, се додава во владиното соопштение, во кое се најавува дека законскиот предлог за легалното одгледување на канабиост наскоро ќе биде доставен до Парламентот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци