Хуманитарна акција во црквите во Прилеп по повод патрониот празник Св. Никола и Божик

По повод празникот-патрон на град Прилеп, Св. Николај Мирликијски Чудотворец и сите Божикни празници, во православните храмови во Прилеп по 10-ти пат се организира традиционална хуманитарна акција за социјално загрозените православни семејства во Прилеп.

 

По тој повод од архијерејското намесништво во Прилеп ги покануваат верниците да ги посетат православните храмови во претстојните празници и секој според своите можности да го даде свој доброволен прилог во посебно означените (црвени) кутии.

 

За празникот на Св. Николај Чудотворец (19-12-2018г.) од 08ч. до 14 ч. ќе се продаваат црковни свеќи пред параклисот во центарот на градот и средствата ќе бидат наменети за истата цел.

 

„Со ова го следиме примерот и грижата на нашиот патрон Св. Николај која ја покажувал врз сите луѓе. Ви ги честитаме предстојните Божикни празници, ве покануваме на Светите Богослужби и ви посакуваме новородениот Божји Младенец да се роди во срцето на секоја добронамерна и хумана личност“, велат од архијерејското намесништво во Прилеп.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци