„Четврт со рокенрол – Unplugged“ – концерт на вокално инструменталниот состав „Никеја“ во Прилеп

Во сабота 6 октомври 2018 од 20 часот во кино Мис Стон во ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи концерт насловен „Четврт со рокенрол – Unplugged“, на кој ќе настапи вокално инструменталниот состав „Никеја“, Здружение на автори на музички дела на РМ – Шпато.

 

Влезот за концертот е слободен, а составот ќе се претстави со акустичен перфоманс кој ќе опфати промоција на новите песни кои се поместени на последниот студиски албум ЊУ ФОЛДЕР, како и песни од предходните два албуми на Никеја.

 

Посетителите ќе можат да уживаат во песните кои со еден нов аранжерски пристап во акустична верзија ќе бидат преставени во својата изворна форма. Концертот е во рамките на манифестацијата Нов културен бран од Министерството за култура.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци