Во Врбас, Србија, се одржа вториот по ред интернационален бокс турнир за јуниори. На овој турнир, кој се смета за еден од појаките турнири во Eвропа, настапија учесници од : Македонија, Англија, Србија, Америка, Русија, Казакстан, Велс, Хрватска и други.
Во репрезентација на Македонската боксерска федерација и член на БК „АС“ Прилеп настапи Трајче Илиоски.
„Во четврт финалната борба Трајче Илиоски против Jayden Torrane од Велс се бореше равноправно и загуби со поделена одлука 3:2. Може да се каже дека борбата беше на страна на Трајче. Но, не се жалиме, ниту се правдаме, само да кажам дека се носиме со светските боксери. Со труд и досегашното наше искуство се надеваме дека ќе дојдеме до врвот. Ќе дадеме се од себе за следното европско првенство за кадети што ќе се одржи во Русија оваа година Трајче Илиоски да освои медал и достојно да ја претстави нашата држава Македонија. Исто како што јас го освоив бронзениот медал на европското првенство во бокс за кадети 1997 година“, истакна неговиот тренер Дарко Чатлески.