Шокоски се врати во Прилеп

Левиот бек кој одлично се снаоѓа и на средната бековска позиција, Давор Шокоски се врати во неговиот матичен клуб Прилеп. Шокоски лани летоска се пресели во Бутел Скопје, но немаше голема минутажа, па вториот дел од сезоната го мина во Металург 2 на позајмица, каде имаше солидни настапи.

 

22-годишниот играч ќе биде петто засилување за Прилеп, кој активно работи на формирањето на ростерот за битките во елитното друштво. Претходно тимот што ќе биде предводен од Горан Кузманоски, се засили со голманот Зура Цинцадзе, десното крило Реваз Чантурија, пикерот Сашко Манчески и средниот бек Филип Чурлевски.

 

Договорите беа продолжени со крилата Бикоски и Амзоски, а оваа седмица се очекува да бидат познати уште најмалку две засилувања.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци