Шпанија разгледува можност за дозвола за референдуми за независност на регионите

Facebook
Twitter
Email
Print

Шпанија разгледува уставни промени кои би им овозможиле на регионите во иднина да спроведуваат легални референдуми за својата независност, откри синоќа шпанскиот министер за надворешни работи Алфонсо Дастис.

 

Во интревју за Би-би-си, Дастис објасни дека за таквите уставни измени би можелд а се одржи национален референдум. Најавата на шпанскиот министер е најава за можен пресврт во цврстата политика на Мадрид кон движењето за каталонска независност, по поништувањето на прогласувањето независност во каталонскиот парламент и смената на владата на Карлес Пучдемон кој заедно со десетина членови на владата е обвинет пред суд во Мадрид за бунт против шпанската држава.

 

„Основавме парламентарна комисија која ќе ги истражи можностите за менување на уставот за подобро да одговориме на аспирациите на дел од каталонскиот народ. Признаваме дека постои политичка ситуација која заслужува да се разгледа, но во секој случај, јасно е дека одлуката ќе ја донесат, односно ќе мора да ја донесат, сите Шпанци“, изјави Дастис.

 

 

Ова е прва официјална изјава од Мадрид со која се признава моменталната ситуација во Каталонија, а доаѓа повеќе од еден месец по референдумот за независност, што централната власт го прогласи за неуставен и потоа наметна своја контрола во регионот и затвори дел од локалните лидери.

 

Дастис призна и дека референдумот, поради драстичната употреба на сила од страна на шпанската полиција, го обележаа „некои грди глетки кои не би сакале да ги видиме повторно“, но и истакна дека сепак не станувало збор за „Крвавата недела“, алудирајќи на страшната епизода од британската историја, кога полицијата во 1972 во Северна Ирска уби 14 невооружени демонстранти.

 

 

Оваа најави претставува надеж за сепаратистите во Каталонија, кои што повторно протестираат низ земјата, против апсењето на каталонските лидери.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци