На 07.10.2018 Недела во Прилеп во спортската сала на ООУ Добре Јованоски во организација на Џудо Клуб СЕИШИН Прилеп се одржа 10. Традиционален Меѓународен Турнир во џудо за помлади пионери-ки, пионери-ки и кадети-ки. На Турнирот учество зедоа вкупно 23 клубови од 6 Држави (Македонија, Србија, Грција, Косово, Бугарија, Црна Гора), со вкупно 222 натпреварувачи.
Џудо клубот СЕИШИН-Прилеп настапи со вкупно 27 натпреварувачи а освоени се 21 медал и тоа:
Помлади Понери-ки:1. Никола Магдески кат. -46 кг 1-во место2. Даниел Каралиоски кат. -30 кг 2-ро место3. Седаин Рустемоски кат. -50 кг 3-то место4. Димитри Џокоски кат. 55 кг. 2-ро место5. Стефан Врглески кат. -55 кг 3-то место6. Андреј Сотироски кат. +60 кг 2-ро место7. Теа Настоска кат. -28 кг. 3-то место8. Теона Настоска кат. -28 кг. 3-то место9. Теодора Тасеска кат. -44 кг. 3-то место
Пионери-ки:10. Георгиј Магдески кат. -55 кг 2-ро место11. Андреј Трајковски кат. -55 кг 3-то место12. Магдалена Најдоска кат. -40 кг. 1-во место13. Леона Настоска кат. -57 кг 2-ро место14. Вероника Белушанец кат. -52 кг. 3-то место15. Ивана Стеваноска кат. -63 кг 2-ро место
Кадети:16. Марко Тодорчески кат. -55 кг 2-ро место17. Андреј Трајкоски кат. -55 кг 3-то место18. Валентин Димитриоски кат. -81 кг 3-то место19. Јован Најдоски кат. +90 кг 1-во место20. Марио Цинцароски кат. +90 кг 3-то место21. Мартин Трајановски кат. -60 кг 3-то место
Џудо Клубот Сеишин Прилеп е задоволен не само со остварените резултати туку и со целокупната организација на овој Јубилеен турнир што беше впечаток на сите присутни.
Клубот продолжува со подготовки за турнирите и државните првенства кои не очекуваат во следниот период.