Нашиот репрезентативец во нордиско скијање и биатлон Ставре Јада денеска го имаше првиот ден од подготовки на скии во планиското австриско градче Обертилијах, а пред тоа беше на подготовки во Словенија. Како што самиот вели во изјава за Инфо Компас летниот период на подготовки и натпревари за него не поминал онака како што тој очекувал, имал мали проблеми со подигнување на форма за летните ролер-ски натпревари, а потоа поради ситацијата со корона вирусот откажал и неколку трки.
„Сега на почеток од зимскиот период каде исто така не се знае ништо, доста трки се веќе откажани каде беше планирано да настапам, се чувствувам добро, можеби не спремен на 100%, но сум добро како физички така психички, првите трки биатлон се закажани за јануари месец оваа година, најкасно ќе стартува ИБУ КУПОТ, додека Светскиот куп започнува на 28 ноември за кој не успеав да се квалификувам. Тука во Австрија денеска стапнав прв пат на скии за оваа сезона, чувството не е како претходните години заради целата ситуација со корона вирусот, но јас тренирам и ќе продолжам да тренирам и да ги чекам трките кои ќе се одржат. Фокусот оваа година е ставен на двете страни и биатлонот и нордиското трчање, биатлон ја убрзав и стабизирав стрелбата, додека во трчањето се уште не сум 100% подготвен, но тренингот ќе си го направи своето“, изјави Ставре Јада.
Јада вели дека има голема поддршка од фамилијата, како и од саканата за која засега не сака да открива детали. Голама поддршка му давале и Агенција за млади спорт, Скијачката федерација и Македонскиот олимписки комитет.
„Поважни натпревари за оваа сезона се: 13-ноември Словачка 10 км нордиско трчање, во јануари следуваат 6-7 биатлон трки, потоа следува Светското првенство биатлон во Словенија, Мавровскиот меморијал во февруари месец“, додава Јада.