Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 24-ти до 30-ти ноември, во општина Прилеп имало 402 нови случаи на коронавирус;
Од последици на коронавирусот, починале 17 лица;
Бројот на активни случаи изнесува 1.000; 833 лица се наоѓаат на домашно лекување, 119 на болничко, а 48 се лекуваат во дневната болница; на кислородна поддршка се наоѓаат 92 пациенти;
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 1.805 лица;
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 3.010;
Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починало 131 лице.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/Matador-banner-300-149.jpg)