Планинарско Спортско Здружение „Козјак“ – Прилеп го искачи врвот ПИЗ БОЕ – 3153 м.н.в. еден од најубавите и најпознати врвови на прекрасните Доломити, во Италија.
„Неверојатни планински пејзажи, прекрасна дружба, многу позитивна енергија и уште еден успешно освоен врв! Доломитите навистина се едни од најубавите планини во светот! Честитки до целата екипа за успешното искачување“, велат од „Козјак“ – Прилеп.





