Врз основа на член 43 од Статутот на Општина Прилеп (“Службен гласник на Општина Прилеп” бр.6/2003, 4/2005, 11/2008, 9/2019, 5/2021, 3/2023 и 16/2023) и член 4 од Одлуката за востановување на општински награди и признанија број 08-1281/5 од 03.10.1997 година, Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници, на седницата одржана на ден 22.10.2026 година, донесе:
О Д Л У К А за доделување на награди и признанија по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп
Наградата за животно дело, по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп, се доделува на:
Илија Димоски – Шаторо -прв Претседател на Општинско собрание -Прилеп во плуралистички демократски период
Награди -плакети по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп се доделуваат на:
- Црковен хор -Црква Св. Петка -активно учество во парохискиот богослужбен живот и духовната дејност на храмот.
- Винарија „Сарика“ -одгледување на винова лоза и производство на автентично вино.
- НУ Завод за заштита на споменици на културата и Музеј -Прилеп –65 години од Меморијалниот музеј “11 Октомври”.
- Витаминка -70 години постоење.
Награди -дипломи по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп, им се доделуваат на:
- Никола Здравески – златен и сребрен медал на Светска олимпијада по географија.
- Кирил Петрески (постхумно) – долгогодишен драматург и режисер во Театар “Војдан Чернодрински” -Прилеп
- Благица Чатлеска – наставник по англиски јазик во ООУ “Гоце Делчев” -Прилеп.
- Димитар Димитриоски – прилепски ракометар, најдобар стрелец во ракометната Супер Лига на Македонија.
- Стефче Стојковски – музички уметник (Ансамбл “Стефче Стојковски”)
- Матеј Белистојаноски – Светски и европски првак во карате во својата категорија
- Антонио Јакимовски- научен работник за високи досигнувања од областа на археологијата, професор на Универзитетот “Кирил и Методиј” -Скопје
- Марјан Стојаноски – академски уметник, скулптор