Минерални камења, македонски рубини, дрога и кеш во денари и евра пронајдени кај 30-годишен скопјанец – уапсен во близина на Прилеп

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Синоќа во 23:10 часот во село Беровци, прилепско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина при РЦ за ГР Југ го лишиле од слобода К.С.(30) од Скопје.

Од МВР информираат дека, при контрола на патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени и одземени 61 парче минерален камен во различна големина, 59 парчиња македонски рубин, едно парче амазонит, едно парче титаниум оксид, марихуана, 489.720 денари во различни апоени и 10 банкноти по 200 евра.

Лицето е задржано во ОВР Прилеп и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци