Русија издаде предупредување за своите државјани двапати да размислат пред патување во странство, бидејќи американските служби може да ги уапсат каде и да е во светот.
Соопштението на руското министерство за надворешни работи ги предупредува Русите дека се соочени за сериозен ризик од апсење во трети земји на барање на Вашингтон, по што би можело да бидат испорачани на САД.
„И покрај нашите повици за подобрување на соработката меѓу релевантните руски и американски служби… американските специјални агенции го продолжуваат ‘ловот’ на Руси ширум светот. Земајќи ги предвид овие околности, ги повикуваме руските државјани внимателно да ги измерат сите ризици кога планираат патувањата во странство“, се наведува во соопштението на руската дипломатија.
Во министерството велат дека од почетокот на минатата 2017 годна во трети земји се уапсени десет Руси, по инсистирње на Вашингтон. Како пример се наведува дека најмалку четири Руси се уапсени во Шпанија, Литванија и Грција, под обвиненија во САД за наводен кибернетички криминал.
Во соопштението издадено во четвртокот вечерта, исто така, се предупредуваат руските државјани дека по апсењето и екстрадицијата им се заканува пристрасно однесување на американскиот правосуден систем.