Кларенс Сидорф нов тренер на Депортиво Ла Коруња

Facebook
Twitter
Email
Print

Холандската фудбалска легенда, Кларенс Сидорф ќе биде именуван за нов тренер на Депортиво Ла Коруња, а официјална потврда се чека во недела или во понеделник.

 

Сидорф доаѓа на местото на Кристобал Парала, кој доби отказ по петочниот пораз од Реал Сосиедад. Младиот холандски тренер беше трет избор на управата на клубот од Галиција, но фаворитот Мартин Ласарте ја одби понудата, а Диего Алонсо нема потребна лиценца за водење на клуб од елитната категорија.

 

Депортиво Ла Коруња се наоѓа во голема резултатска криза, седум натпревари по ред нема победа и падна на 18. место со 17 бода.

 

Кларенс Сидорф е единствениот играч кој ја има освоено Лигата на шампионите со три или повеќе тимови, откако на најголемиот трофеј во клупскиот фудбал се радуваше играјќи за тимовите на Ајакс, Реал Мадрид и Милан.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи