Стратегијата на ЕУ со насоки за земјите од Западен Балкан

Facebook
Twitter
Email
Print

Европската комисија денеска ќе ја објави Стратегијата за проширување на Европската унија на Западен Балкан во која се наведува дека сите земји во регионот имаат можност да напредуваат на европскиот пат врз основа на сопствени заслуги и брзината со која ќе ги остварат реформите.

 

Стратегијата на Европската комисија за Западен Балкан предвидува дека две земји од овој регион, Србија и Црна Гора ќе бидат потенцијално подготвени да влезат во ЕУ до 2025 година.

 

Исто така ја зголемува поддршката за четири други, кои би можеле да станат членки. Но треба да им е јасно на политичарите во шесте земји – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија, дека тие мора да бидат посериозни во воспоставувањето на владеењето на правото, справувањето со корупцијата, борбата со организираниот криминал, решавањето на билатералните прашања, како и тоа да преземат други мерки за демократски промени.

 

„Нема да се случи да се каже дека тоа ќе се решава откако ќе се влезе во ЕУ. Проблемите мора да бидат решени пред пристапување или нема да има натамошно проширување“, изјави Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

 

Тој истакна дека 2025 година не е година кога Црна Гора и Србија „мора“ да бидат во ЕУ, туку тоа е идикативен датум и охрабрување за тие земји, кои најмногу напредувале на патот кон Унијата.

 

„Сакаме да видиме проширување на Западен Балкан, но не сакаме да видиме влез без исполнување на условите. Тие се уште не ги исполниле условите, а некои земји се далеку од тоа“, изјави Јункер пред Европарламентот.

 

Од ЕК посочија дека во 2018 година ќе има уникатна шанса за неповратно приближување на Западен Балкан кон ЕУ, но за тоа да го постигнат земјите од регионот мораат да им дадат највисок приоритет на реформите во областа на владеењето на правото, правосудството и основните права.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи