И во англиската Премиер лига ќе се воведува зимска пауза

Facebook
Twitter
Email
Print

Челниците на Премиер лигата размислуваат да воведат зимска пауза, каква што постои во Германија, Франција, Италија и Шпанија.

 

Фудбалската асоцијација на Англија издаде соопштение во кое се наведува дека воведувањето на зимската пауза нема да биде можно до 2019 година, односно додека не завршат актуелните договори со телевизиите.

 

Лигата веќе извесен период го разгледува предлозите за зимска пауза и веројатно таа ќе биде воведена во јануари што значи дека нема да биде нарушен традиционалниот распоред за време на божиќните и новогодишните празници.

 

„Премиер лигата разговараше со ФА и ЕФЛ за предизвиците со кои се соочуваме во англискиот фудбал и за начините на кои можеме да ги решиме, а се со цел на играчите да им обезбедиме пауза на полусезоната“, стои во соопштението.

 

Новите телевизиски договори кои ФА ќе ги потпише со телевизиите ќе важат за периодот 2019-2022 година.

 

Кога ќе биде постигнат договорот, а тој е сосема извесен, ќе преостане да се реши прашањето околу терминот. Се шпекулира за неколку варијанти. Наводно, ФА е подготвена да ги жртвува во една рунда повторените куп натпревари, а би можело и целото натпреварување да не се игра преку викенд, односно да се игра преку недела. Тука е и опцијата за исфрлување на вториот меч во полуфиналето на Лига купот…

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи