Дирк Новицки влезе во нова елитна група во најсилното кошаркарско натпреварување во светот, НБА лигата, откако на дуелот со Лос Анџелес Клиперс, ја мина границата од 50 000 минути на теренот.
Со тоа Новицки стана само шестиот играч во историјата на НБА лигата кој ја минал таа граница, а пред него се само Карим Абдул-Џабар, Карл Мелоун, Кевин Гарнет, Џејсон Кид и Елвин Хејс.
Германецот е и единствениот играч кој бил МВП а е со потекот од Европа и еден од неколкумината кошаркари кои успеале да бидат МВП и во регуларниот дел на сезоната во НБА и во големото НБА финале, во која и ја освоил и титулата.
И покрај тоа што ова беше голема вечер за Дирк Новицки, „Мавс“ се избрукаа откако му го утнаа презимето на дресот. Многумина се зачудени како може да се случи вакво нешто со оглед на тоа дека Германецот е легенда на Далас и во својата 20 годишна кариера го има носено само дресот на тимот од Тексас.
how has no one on Twitter noticed Dirk “Nowitkzi” jersey misprint tonight??? @SkinWade @dallasmavs @World_Wide_Wob pic.twitter.com/kXuF5hpRgb
— Samir Basaria (@samirbasaria11) February 6, 2018