Снежна бура го парализираше Париз, затворена Ајфеловата кула

Facebook
Twitter
Email
Print

Колони возила долги повеќе од 700 километри во Париз, стотици заробени камиони, Ајфеловата кула е затворена, тоа се последици од снегот, што синоќа падна во главниот град на Франција и во северниот дел од државата.

 

Според Метеоролошката служба, снегот го отежнал одвивањето на сообраќајот на запад и североисток преку регионот Париз.

 

Во Париз и околината има 739 километри заглавени возила, соопшти авто-мото службата Ситаден.

 

Автобусите што вршат јавен превоз во главниот град и предградијата претходно беа вратени во депоата.

 

Ниту денеска нема да има школски превоз во повеќе делови од Франција, особено во регионот на Париз.

 

Состојбата може да биде критична од ноќеска до утре со пад на температурите и до минус 10 степени и појава на „леден дожд“ на веќе снежниот терен, најавуваат од Метеоролошката служба.

 

Националната железничка компанија соопшти синоќа дека е намалена брзината на возовите со што се предизвикани доцнења додека линијата за возови со голема брзина Атлантик има пречки.

 

Компанијата што управува со Ајфеловата кула ја затвори поради временските услови.

 

Дваесет и девет француски департмани објавија во понеделникот „предупредување за исклучително ниски температури“.

 

В петок е можен нов снежен бран од северозапад.

 

Овој јануари е најстуден во последниов век, додека рекордните количини дожд предизвикаа поплави во неколку региони на Франција.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи