Одобрени 127, 2 милони евра за железниците, патиштата и техничка помош со ИПА2 програмата

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерството за транспорт и врски денеска соопшти дека е ревидирана и одобрена Секторската оперативна програма за транспорт 2014-2020, во рамките на ИПА 2 програмата, и со неа за железничка и патна инфраструктура се обезбедени се 127,2 милиони евра, од кои 108,1 милион евра се средства од ИПА 2 програмата, а 19,1 милион евра се средства од Буџетот на Република Македонија.

 

„Во секторот Железници алоцирани се 71,5 милиони евра и ќе бидат искористени за изградба на дел од третата фаза на пругата кон Бугарија, делница Крива Паланка – граничен премин Деве Баир“, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски.

 

За патишта се обезбедени 48,7 милиони евра. Со нив ќе се гради втората фаза од експресниот пат Градско – Прилеп, делница Градско – Дреново, третата лента на патот Градско – Прилеп, ќе се реконструира делницата Куманово – Ранковце, делница Плетвар, и ќе се заменат заштитните огради на автопатот на Коридор 10, во должина од 100 километри.

 

Седум милиони евра, пак, се обезбедени за техничка помош, односно изработка на проектни документации за изградба на велосипедски патеки во Скопје, Тетово, Штип и Охрид, за замена на сигнализација на железничките премини и за изградба на мултимодален јазол во Трубарево.

 

„Владата на Република Македонија е силно посветена на реализација на капиталните проекти и споведување на реформи во секторот Транспорт со кои се очекува да се забрза економскиот раст на земјата“, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

 

Од Министерството велат дека Владата е силно посветена на реализација на капиталните проекти и споведување реформи во секторот Транспорт со кои се очекува да се забрза економскиот раст на земјата.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи