Швајцарскиот институт кој работи со фудбалска статистика и истражувања фокусирани на овој спорт (CIES) ја објави листата на клубови кои потрошиле најмногу пари за да ја состават екипата за оваа сезона.
Истражувањето кое го спроведе CIES се однесуваше само на клубовите од топ 5 лигите од Европа: шпанската, англиската, италијанската, германската и француската. Во пресметката влегоа овосезонски и минати трансфери на играчи кои моментално играат за клубовите.
Манчестер сити го има најскапиот прв тим во историјата на фудбалската игра. „Граѓаните“ за него потрошија 878 милиони евра или 73 милиони евра повеќе од ПСЖ, чии челници во минатото лето издвоија вртоглави 222 милиони евра само за Нејмар.
Трет клуб по вредност е Манчестер јунајтед со 747 милиони евра пред Барселона со 725 милиони евра и Челзи со 592 милиони евра. Втората половина од топ 10 во истраживањето на ЦИЕС ја сочинуваат Реал Мадрид со 497 милиони евра, Ливерпул со 461 милион евра, Јувентус со 448 милиони евра, Арсенал со 403 милиони евра и, изненадувачки, Евертон со 365 милиони евра.
Football’s rich list ? pic.twitter.com/hhlhLU9fyE
— B/R Football (@brfootball) February 12, 2018
Топ 20 највредни клубови според Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (ЦИЕС)
Манчестер сити – 878 милиони евра
ПСЖ – 805 милиони евра
Манчестер јунајтед – 747 милиони евра
Барселона – 725 милиони евра
Челзи – 592 милиони евра
Реал Мадрид – 497 милиони евра
Ливерпул – 461 милиони евра
Јувентус – 448 милиони евра
Арсенал – 403 милиони евра
Евертон – 365 милиони евра
Баерн Минхен – 363 милиони евра
Тотенхем – 358 милиони евра
Милан – 305 милиони евра
Атлетико Мадрид – 298 милиони евра
Монако – 286 милиони евра
Борусија Дортмунд – 268 милиони евра
Рома – 252 милиони евра
Саутемптон – 229 милиони евра
Кристал Палас – 225 милиони евра
Интер – 217 милиони евра, итн.