Огромна дупка се појави во центарот на Рим, наредена итна евакуација

Facebook
Twitter
Email
Print

Во предградието на Рим изненадно се отворило тлото и настанала дупка длабока 9 метри. За време на огромниот одрон во дупката завршиле шест автомобили, додека од домовите во близина биле евакуирани 20 семејства, пишува Дејли Мејл.

 

До големиот колапс на земјиштето дошло во околу 5:30 часот во римската населба Балдуниа, која се наоѓа меѓу улиците Ливио Андонико и Латансио. Драматичните снимки покажуваат колкава штета настанала штом се срушило тлото.

 

 

Сѐ уште не е позната причината поради кој се отворила дупката.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира