Енрике Кастро, или многу попознат само како „Квини“ починал доцна синоќа во својата родна земја Шпанија додека возел во својот автомобил на пат кон домот во Хихон.
Оваа жална вест со голем шок и со голема жалост ја пренесоа сите шпански медиуми, а тагата е навистина голема бидејќи стануваше збор за незаборавен и страшен голгетер кој дури пет пати во својата кариера го имаше освојувано „Пичичи“ признанието за најдобар голгетер.
Славната „гол машина“ на „фуријата“ дури 12 години го носеше дресот на шпанската фудбалска репрезентација, а ќе остане запаметен и по тоа што ги носеше дресовите на негоиот матичен Спортинг Хихон и Барселона каде постигна повеќе од 300 голови.