Прилепчани и вечерва 7 дена по ред протестираат против спорниот закон за двојазичност кој ги разбранува страстите во цела Македонија. Денеска тие рекоа дека попладнево на 15-тина лица кои учествуваат на мирните протести им стигнале покани за утре да отидат на информативен разговор во полициската станица во Прилеп. Обвинуваат дека на ваков начин власта сакала да ги заплаши, но тие немало да попуштат по никоја цена.
И вечерва прилепчани порачаа дека нема да дозволат двојазичност во Прилеп и Македонија и го повикаа македонскиот народ да си го зачува идентитетот и државата.
Еве дел од атмосферата и изјавите на учесниците на мирните протести.