Во спортската сала на ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп денеска се одржа државното првенство во џудо за кадети и помлади пионери. Учествуваа 200 учесници од цела Македонија. Џ.К. „Бушидо“ настапи со 17 натреварувачи и освои 5 златни, 2 сребрени и 5 бронзени медали.
Ова се најдобрите:

Кристијан Магероски, државен првак, до – 60 кг. помлади пионери

Стефан Талески, кадети, – 90 кг., 3 место

Сара Атанасоска, кадети, – 70 кг. 3 место

Антонио Талески, кадети, – 66 кг., 3 место

Милена Атанасоска, со 3 ипон, државен првак, во кадети до – 70 кг.

Теодора Ристеска, неприкосновена веќе 3 години, државен првак и репрезентативец на Македонија во кадети до – 48 кг.

Георгина Милошеска, кадети – 52 кг., 2 место и 3 место за Марија Талеска со Георгина Милошеска

Христијан Здравески, државен првак за помлади пионери до – 50 кг.

Елеонора Илиоска, вице шампион, 2 место, во помлади пионерки до – 46 кгр

Маринела Атанасоска, – 66 кг, 3 место

Михаела Димоска, прво злато во помлади пионери, државен првак – 36 кгр, со 3 ипони со ред

