Иванов: Останувам на ставот за договорот, Заев да покрене постапка за импичмент

Facebook
Twitter
Email
Print

Најавите за импичмент го испровоцираа претседателот Иванов да ги повика надлежните веднаш да ја почнат процедурата. Тој отворено му порачува на премиерот Заев, преку пратениците во Собранието да ја покрене постапката за утврдување на негова одговорност.

 

„Го повикувам Заев со истото двотретинско мнозинство кое е неопходно за менување на Уставот на Република Македонија, веднаш да покрене постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката, односно импичмент. Мојот став во однос на штетниот договор за името е конечен и останува непроменет и покрај сите искажани закани и притисоци“,  стои во реакцијата на Претседателот Иванов.

 

Реакцијата на Иванов доаѓа како одговор на ставот на премиерот дека власта ќе собере двотретинско мнозинство во Собранието и дека нема да дозволи Иванов да ги блокира како што вели, процесите кои ја водат Македонија напред.

 

Уште од потпишувањето на договорот меѓу Димитров и Коѕијас, претседателот Иванов отворено се спротивстави на документот велејќи дека договорот претставува напуштање на досега изградените суштински државни позиции потврдени и на последните две лидерски средби. Иванов останува на ставот дека со договорот за името се крши уставот, законите и се рушат државните институции.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи