Нов закон за поголема заштита од дискриминација

Facebook
Twitter
Email
Print

Проширување на основите за дискриминација, унапредување на работата на Комисијата за заштита од дискриминација и нејзина професионализација со цел поефикасно решавање на претставките, воведување сексуална ориентација и родов идентитет како основ за дискриминација, сегрегација како нов облик на дискриминација, зголемување на казните, се дел од решенијата што ги предвидува Предлог законот за заштита од дискриминација, кој поминал на седница на Владата и треба да влезе во собраниска процедура.

 

Како што информира на денешната прес-конференција министерката за труд и социјална политика Мила Царовска со законот се дава можност и за тужба за заштита од дискриминација во случаи на јавен интерес кога е засегната поголема група граѓани, и се ослободуваат од судски трошоци граѓаните што ќе поднесат тужби за дискриминација.

 

„На овој начин се доближуваме до меѓународните стандарди усвоени во ОН и ЕУ, а нашите граѓани добиваат соодветна правна заштита и општество во кое се негуваат различностите и овозможува услови за развој на сите граѓани“, рече министерката Царовска.

 

Согласно новиот закон, има зајакнати критериуми за избор на членови на Комисијата, неспоивост со членство во политички партии и професионален ангажман, што, рече, треба да ја зајакне нејзината работа.

 

До изборот на нови членови Комисијата за заштита од дискриминација ќе функционира во постојниот состав.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи