Продолжен рокот за приватизација на земјиште, изгласани законските измени

Facebook
Twitter
Email
Print

Собранието ги донесе измените на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, со кои до 31 декември 2021 година се пролонгира рокот за поднесување барање за приватизација на земјиштето.

 

Осум дена по објавувањето на измените на Законот во Службен весник, граѓаните повторно ќе можат да поднесуваат барања за приватизација на земјиште во државна сопственост.

 

Рокот за поднесување барања по тој основ истече на 15 декември 2014 година.

 

Од Министерството за финансии велат дека со овој закон се излегува во пресрет на граѓаните и нивните барања. Продолжувањето на рокот е резултат на реакции од граѓани кои не успеале да поднесат барање за приватизација во изминатиот период.

 

Со законските измени, воедно се одложува и примената на одредбите од Законот кои се однесуваат на воспоставување закуп на градежно земјиште кое не е приватизирано.

 

Исто така, до крајот на 2022 година се пролонгира рокот за поднесување пријава за промена од корисничко право во право на сопственост пред Агенцијата за катастар на недвижности.

 

„Сите измени на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост се во насока на подобрување на услугите на Министерството за финансии како сервис на граѓаните“, укажуават од ресорното Министерство.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци