„Марка“: Клаузулата на Роналдо намалена на „само“ 120 милиони евра

Facebook
Twitter
Email
Print

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека „Кралевите“ се подготвуваат за продажба на својата прва ѕвезда Кристијано Роналдо. Откупната клаузула на Роналдо е намалена од една милјарда на 120 милиони евра

 

Оваа клаузула може да ја активира само некој клуб, а не самиот Кристијано Роналдо (како што беше случајот со трансферот на Нејмар, кога Бразилецот сам си го откупи договорот од Барса). Исто така новата клаузула не важи за клубови од Шпанија, или поточно Барселона, како и ПСЖ.

 

Извештајот исто така вели дека три клуба од Премиерлигата (Манчестер Сити, Арсенал и Челси) како и Милан од Серија А, пред финалето од Лигата на шампионите во Киев, стапиле во контакт со Жорж Мендеш и го известиле дека се подготвени да платат околу 120 милиони евра за Кристијано Роналдо како и да обезбедат плата од 40 милиони евра по сезона.

 

Останува да се види каква ќе биде иднината на Португалецот, кој веднаш по последниот свиреж во Киев сугерираше дека заминува од Сантијаго Бернабеу, и иако најави дека брзо ќе расчисти сè, оттогаш па наваму се нема огласено.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи