Шмајхел беше херој за Данска откако му одбрани пенал на Лука Модриќ во 117 минута и го спаси тимот од пораз во породолженијата. Сепак, „коцкестите“ беа поуспешни во пенал серијата и се пласираа во четвртфинале.
Легендарниот поранешен голман на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Данска, Питер Шмајхел од трибинскиот простор навиваше за Данска и неговиот син, а неговите зборови по мечот сведочат за тоа колку е тој горд на неговиот син.
„Останав без зборови. Не би можел да бидам повеќе горд од ова, на мојата земја, мојот син, неговите соиграчи, стручниот штаб и нашиот фантастичен селектор Аге Хареиде. Кога солзите ќе се исушат, ќе сфатиме колку бевме добри“, беа зборовите на легендарниот Шмајхел напишани на социјалните мрежи.
Lost for words. Can’t be more proud of my country, my son, his teammates, all the staff and our fantastic national coach Åge Hareide. When all the tears have dried out we will realise how well we did ?? #WorldCup pic.twitter.com/vhGZQtDyJm
— Peter Schmeichel (@Pschmeichel1) July 2, 2018
Данскиот голман беше прогласен за играч на натпреварот и покрај тоа што загубија.