Во досегашнто владеење како на локално така и на централно ниво, освен чемер и јад, СДС нема што да им понуди на граѓаните. Како главна цел наместо подобрување на животниот стандард и условите за живот е распродажбата на нашата држава и бесрамно тргување со национачните интереси. Истакнаа денеска на прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Прес конференциијата ја пренесуваме во целост.
Ваквата неспособност од централно ниво успешно се пресликува и на локално ниво. После разгледување на седница на совет на Општина Прилеп, во тримесечниот извештај на ЈКП „Пазари“ Прилеп, за период од 01.01.2018 до 31.03.2018, се забележува катастрофално недомаќинско работење со ова претпријатие. 2017 година ова претпријатие ја завршило со добивка од 874.512 денари, додека тримесечниот извшетај за првиот квартал од 2018 година покажува загуба од 844.273 денари. Сумирано ова претпријатие потрошило 1.718.785 денари без притоа да реализира ниту еден проект за негово подобрување.
Во време на нашето владеење, за потсетување Прилеп го доби еден од најубавите и најмодерни пазари во Македонија, целосно покриен, со добри услови за работа на продавниците. Беше изградена нова административна зграда за потребите на претпријатието и отворени беа дисперзирании пазари за потребите на прилепчани. Денес Јованоски и кадрите поставени од редот на СДС го претворија целиот град во еден голем пазар.
На граѓаните им должат објаснување каде завршија средствата и како тоа за само неколку месеци со ваквото недомаќинско работење и ненаменско трошење на пари го клекнаа претрпијатието на колена и го загрозија неговото функционирање? Им должат објаснување на што се трошат парите, дали за нови партиски вработувања, дали за чудни набавки на тоалетна хартија?
За вакви погубни потези, одговорност мора да има!
Со ребалансот на буџетот локалната самоуправа и Јованоски го ставаат фокусот на нови партиски вработувања и вдомување на своите најблиски во јавните претпријатија. Граѓаните се чувствуваат изманипулирани. Засега не е реализиран ниту еден проект од прогамата која градоначалникот Јованоски ја презентираше пред локалните избори.
Животот во Македонија и Прилеп дојде, но само за неколку мина блиски до Јованоски. Животот ќе дојде уште за оние кои од петни жили се обидуваат да го оправдаат катастрофалниот договор со Грција, кои чекаат средства од буџетот за нивно вработување и делење на на плати по роднински линии.
Затоа мора што побрзо да заврши ова погубно владеење, владеење исполнето со манипулација, закани, владеење во корист на одредени поединци, додека граѓаните врзуваат крај со крај.
Во Македонија сите граѓани вредат подеднакво, Македонија и Прилеп мора да одат напред!