Владата в сабота организира забава во 15 града по повод добивањето покана за пристапни преговори за членство на Македонија во НАТО, да станеме 30-та земја членка.
„Македонија доби покана да стане членка на НАТО и има датум за преговори со Европската Унија. Се изборивме за сигурна иднина. Доаѓа време на надеж, на победи, на гордост. Време на сигурност и безбедност“, се вели во објавената програма на веб страницата на Владата на Република Македонија.
Владата не знае колку пари ќе бидат потрошени за големата прослава по повод поканата за влез во НАТО.