Утрово околу 6.15 минути во Прилеп, во близина на Участакот, во центарот на градот е пронајдено мртвото тело на Севџет Исмаилоски од Прилеп. Според Јавното обвинителство станува збор за лице на возраст од околу 30-тина години, кое било пронајдено како лежи покрај една клупа во блискиот парк.
На лице место веднаш е излезена екипата на Итна Помош Прилеп која само ја констатирала смртта на починатиот.
Според јавното обвинителство од Прилеп врз телото немало траги на насилство, а за да се утврдат точните причини за смртта наредено е да се изврши обдукција врз телото на починатиот.
Ова се првични информации, повеќе детали се очекуваат во текот на денов.