Владата до Собранието достави предлог измени на Изборниот законик во скратена постапка со кои, неофицијално, предвидено е Државната изборната комисија наместо со двотретинско мнозинство, односно со 81 глас, да се бира со апсолутно мнозинство, или 61 глас.
Иницијативата следи по заглавувањето од неколку недели на процесот на избор на членовите на Комисијата за избор и именување поради некоординираност меѓу власта и опозицијата.
Предлогот е поделен на пратениците на разгледување, но ниту пратениците од власт, ниту од опозицијата, не сакаат да ги коментираат предложените измени сè додека не ги разгледаат убаво.
Од кабинетот на Претседателот на Собранието го потврдија предлогот за измени на законот.
Формирањето на ДИК е клучно затоа што ДИК е надлежната институција која што треба да го спроведе референдумот најавен за крајот на септември или почетокот на октомври 2018 година.