Ноќта меѓу петок и сабота, на 27 и 28 јули, ќе има помрачувањето на Месечината, феномен кој ќе предизвика најдолго помрачување во 21 век, тврдат научниците. Истовремено, Марс ќе изгледа посветло од вообичаеното, бидејќи тогаш ќе биде најблиску до Земјата во последните 15 години.
Помрачувањето кое ќе трае еден час и 43 минути ќе се случи на 27 јули. Сите фази на помрачувањето ќе бидат видливи од областите на Индискиот Океан, Индија, Источна Африка, Арабискиот Полуостров и подрачјето ка Карипското Море.
„Тоа е одлично! Тоа е навистина убава и ретка прилика да го видиме помрачувањето на Месечината покрај Марс на ноќното небо. Ќе имаме два објекти кои сјаат за фотографирање“, изјави за Тајмс астрономот Роберт Масеј од британското Кралско астрономско друштво.
Причина за долгото помрачување е што Месечината ќе се најде на една од најоддалечените точки од Земјата, што значи дека неговата сенка ќе биде поголема отколку во текот на вообичаените помрачувања.