Во Домот на култура „Наум Наумовски Борче” од почеток на манифестацијата „Крушево – град на култура, историја и традиција“ е изложена крушевска соба во етно стил која побуди голем интерес, особено кај странските туристи.
Како дел од оваа соба изложени се традиционален мебел кој се користел во минатото, слики изработени од јаглен стари преку 80 години, традиционални носии, филџани за кафе и слично.
Собата ќе биде изложена до крајот на Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“.
349