Скапароти: Со нетрпение очекувам да станете 30 членка на НАТО

Facebook
Twitter
Email
Print

Со показна вежба денеска АРМ го пречека и се претстави пред првиот човек на врховната команда на НАТО за Европа и на командата на американските сили во Европа, генерал Кутрис Скапроти кој ги пофали македонските сили велејќи дека се добро тренирани и ги користат НАТО стандардите и процедурите.

 

„Сакам да ги пофалам вашите трупи за јасната обука и покажаната дисциплина и подготвеност, како и да истакнам дека тие користат НАТО стандарди и НАТО процедури. Тоа што денеска го видовме е навистина значајно“, изјави Скапароти.

 

Скапароти ја пофали земјава дека направила значаен напредок во реформите во одбраната и армиската интеоперабилност со Сојузниците во Алијансата, но оти истовремено НАТО препознава дека пред земјата се уште престојат предизвици и многу работа.

 

„Убедени сме дека адресирањето на овие предизвици и успешното пристапување кон Алијансата ќе имаат исклучителна полза за вас. Земјите кои се приклучиле на Алијансата успеале да ја зајакнат својата демократија, да ја унапредат безбедноста и да го направат животот на нивните граѓани посигурен. НАТО ги споделува вашите заложби за владеење на правото, сигурност и безбедност во регионот. НАТО ја споделува вашата посветеност на демократијата, владеењето на правото, како и безбедноста и стабилноста во регионот. Вашата континуирана поддршка е важна не само за Западен Балкан, туку за цела Европа. Со нетрпение очекувам да станете 30 членка на НАТО“, рече Скапароти.

 

Алијансата, нагласи Скапароти, високо го вреднува придонесот на Скопје во операциите на НАТО во Авганистан и учеството на вашите трупи во поддршка на меѓународните сили.

 

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, изрази уверување дека Македонија е сигурен партнер и сојузник, кој ќе продолжи да придонесува преку учество во меѓународни мисии.

 

„Како идна членка на НАТО од почетокот на оваа година го зголемивме македонскиот контингент во мисијата „Одлучна поддршка“ за 20 проценти. До крајот на годината испраќаме поддршка за изборите во Авганистан, но и дополнително зголемување на нашите трупи“, изјави Шекеринска.

 

Изрази задоволство, што на дел од македонскиот контингент му е доверена заштитата на командата на мисијата во Кабул.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи