Пред 73 години Американската авијација фрли атомска бомба над Нагасаки при што загинаа повеќе од 74.000 луѓе во овој јапонски град со 260.000 жители.
Бомбардирањето на Нагасаки кое се случи на 9-ти август 1945-та година, беше втор американски нуклеарен напад врз Јапонија, три дена по атомската бомба во Хирошима, при што загина 140.000 лица.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутераш, денес им се придружи на јапонските лидери во Нагасаки, по повод одбележувањето на 73-годишнината од атомската бомба на градот, поттикнувајќи ги напорите за денуклеаризацијата на Северна Кореја.
За време на свечената церемонија, Гутереш ги повика сите земји да се посветат на нуклеарното разоружување и да преземат конкретни чекори, бидејќи тој изрази загриженост во врска со забавениот напор околу ова прашање.
„Овде, во Нагасаки апелирам на земјите да се посветат на нуклеарно разоружување и што побргу да покажат напредок за тоа прашање”, изјави тој во Паркот на мирот во Нагасаки.