ВИДЕО – Проданоски : Предавници имало и ќе има, но историјата ги слави оние кои се бореле за Татковината, не за лични интереси

Денеска во Припеп беше одбележан Денот на македонската револуционерна борба  – 23 Октомври со положување на свежо цвеќе на спомениците на Ѓорче Петров и Пере Тошев. Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп истакнаа дека Македонија отсекогаш раѓала луѓе кои ја продолжувале борбата за независна и современа држава, а така ќе било и сега.

 

„Денеска во едни тешки и мрачни времиња за Македонија, оддадовме почит за великаните на Македонската револуционерна борба. Борбата за Македонија отсекогаш била тешка и жолчна, но победата ја носеле оние кои биле на вистинската страна, на страната на Македонија. Предавници имало и ќе има, но на страните на историјата се слават оние кои борбата ја воделе за татковината, не за своите лични интереси. Македонија отсекогаш раѓала луѓе, кои ја продолжувале борбата за независна и современа држава. Така ќе биде и сега и ќе има такви кои ќе ја продолжат борбата и опстанокот на Република Македонија. Борбата за Македонија никогаш не запира, нека е честит денот на Македонската револуционерна борба. Да живее Република Македонија“, истакна Дејан Проданоски, потпретседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци