ВИДЕО – Граѓаните се повеќе посетуваат психолог, се актуелизира и прашањето за матичен психолог

Според психолозите граѓаните во Македонија се повеќе ја идентификувале потребата од нивната работа. За секое дисфункционално однесување тие веќе почнувале да бараат стручен совет. Сето ова од друга старна се повеќе ја актуелизира идејата за институционализирање на матичен психолог. Еден од основачите на комората на психолози на Македонија, Јован Велески и иницијатор на законот за психолошка дејност вели дека доколку се воведе матичен психолог тој би требало да биде навистина приофесионалец.

 

 

„Здравствениот систем не предвидува матичен психолог, меѓутоа матичниот психолог би значело една голема обврска за оние кои ќе се занимаваат со таа дејност. Тоа бара една голема едукација, да биде на ниво на лекарите, бидејќи тоа е одговорност и не може со едно површно образование, само факултетско, да се стекне со такво звање матичен психолог“, рече Јован Велески, специјалист по медицинска психологија.

 

Комора на психолози на Македонија ја спроведува иницијативата „Денови на психологија 2018 со слоганот „Одблиску со Психолозите: Ајде за зборуваме за….“ каде преку интерактивни презентации и панел дискусии се демистифицира улогата, функцијата и дејноста на психологот.

 

„Веќе големите компании започнаа да ја идентификуваат потребата во човечки ресурси од психолог, се со цел подобрено ментално здравје, а човек со подобрено ментално здравје автоматски имплицира и на подобар квалитет во однос на работата. Би требало секаде каде што има поголем број на луѓе да има психолог“, кажа Марија Ангелеска психолог/психотерапевт.

 

Огромна помош од психолог имаат и голем број семејства кај нас.

 

„Проблемите со кои се соочува македонското население можам слободно да кажам дека е сепарациониот момент т.е. како да се сепарираме од примарното семејство формирајќи го новото семејство. И многу е битно да се научи дека луѓето можат здраво да се сепарираат од примарните семејства и да останат во здрави и конструктивни односи“, изјави Мони Кузманоска, психолог, семеен системски советник.

 

Дали новиот начин на живот со своите предизвици, исто како како на запад ќе ја институционализира дејноста матичен психолог и кај нас останува да покажи времето.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи