Еднократна парична помош за сите новозапишани во СОУ „Наум Наумовски Борче“

СОУ „Наум Наумовски Борче“ од Крушево во соработка со општина Крушево од наредната учебна година 2019/2020 преку доделување на еднократна финансиска поддршка ќе го поттикнуваат запишувањето на ученици во крушевското средно училиште.

 

На сите новозапишани во прва година во „Наум Наумовски Борче“ ќе им биде доделена еднократна финансиска поддршка во износ од 6 000 денари.

 

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски ја најави оваа нова мерка која треба на долг рок да го стимулира зголемувањето на нови ученици во СОУ „Наум Наумовски Борче“.

 

„Од 2019 година ги мотивираме сите 9-то одделенци од ООУ “Никола Карев” при упис во прва година во СОУ “Наум Наумовски Борче” Крушево, со тоа што добиваат стручно образование, бесплатен превоз, пракса во познати ресторани и хотели во и надвор од Крушево, размена на искуства, знаење во и надвор од Р.Македонија, туристички тури, предност за вработување како и еднократен паричен надоместок при самиот упис. Овозможуваме квалитетно образование, стекнување со стручност и знаење, задоволни ученици“, истакна градоначалникот Христоски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи