Хакери украле милиони податоци од германски политичари и јавни личности

Facebook
Twitter
Email
Print

Засега непознати хакери украле милиони податоци од германски политичари и познати личности ,пренесува германскиот весник „Билд“. Според весникот ова можеби е најголемиот хакерски напад во историјата на Германија.

 

Повеќе илјади податоци со делумни лични информации се објавени преку интернет, засега не е јасно кој ги украл овие податоци. Со хакерскиот напад се погодени политичари од скоро сите политички партии, исклучок се политичарите од десничарската „АФД“ чии податоци засега не се објавени.

 

Меѓу „жртвите“ на хакерскиот напад се и канцеларката Ангела Меркел, претседателот на Германија Франк Валтер Штајнмаер, но и познати уметници, актери, пред се од јавниот сервис АФД, ЗДФ. Само во АРД со хакерскиот напад се погодени 33 новинари.

 

Синоќа Сојузната служба за заштита на уставноста веќе отворила истрага за овој случај и веќе започнала да разменува информации со странските разузнавачки служби, за да се обиде да им влезе во траг на хакерите.

 

Германските медиуми шпекулираат дека зад нападот би можеле да стојат и земји како Кина и Русија. Поради тоа што наводно Москва со години веќе спроведува хакерски напади во Германија.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи