Владата на Република Бугарија го одобри нацрт Протоколот на Северноатлантската спогодба за пристапување на Република Македонија во НАТО. Со истата одлука, Советот на министри го овласти привремениот администратор на Постојаната делегација на Република Бугарија во НАТО да го потпише протоколот за пристапување.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на почетокот на неделава најави дека потпишувањето на Протоколот за приклучување на Македонија ќе се случи многу брзо, а шефот на македонската дипломатија Никола Димитров изјави дека очекува тоа да биде за недела до две.
Интеграцијата на Македонија во НАТО, која беше во застој по грчкото весто на Самитот во Букурешт во 2008 година, е деблокирана со Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, со кој се стави крај на 27 годишниот спор со името.