Јане Ченто кој во моментов е во притвор во затворот во Шутка преку писмо се извинува на Управата за инцидентот кој се случи на 18 јануари, во кое ја признава грешката и вината но и бара прошка.
Лично ја прифатил одговорноста за постапката, која како што наведува во писмото, била резултат на неговото погрешно однесување и нуди извинување. Ченто во писмото упатува и барање да биде вратен во собата во која бил пред настанот со кој го наруши редот во затворот.
Управата ќе го разгледа барањето па ќе одлучи дали притвореникот ќе биде вратен во собата во која бил сместен пред да го предизвика инцидентот.