Обвинителство издаде наредба за обезбедување на спорните МРП вакцини

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерството за внатрешни работи го извести надлежниот јавен обвинител дека во простории во правното лице „Македонија лек“ биле пронајдени МРП вакцините со погрешни декларации и дека тие се уште не се уништени.

 

Во соопштението на Основното јавно обвинителство е наведено дека надлежниот обвинител издал наредба за одземање на вакцините како докази за евентуална идна постапка.

 

„Вакцините ќе бидат попишани и обезбедени, а ќе останат во просториите на „Македонија лек“, бидејќи таму има соодветни услови за нивно чување“, информираат од Јавното обвинителство.

 

Од Обвинителството информираат дека полицијата денеска постапувала по нивно барање и дека проверките во предметот по допрен глас продолжуваат до целосно утврдување на фактичката состојба.

 

Министерството за здравство и понатаму тврди дека вакцините што се појавија со изминат рок на траење биле исправни. Настојуваат дека погрешните декларации биле само печатна грешка, а квалитетот на вакцините не е спорен.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи