Полицијата уапси тројца поранешни министри за земјоделие и еден заменик. Ацо Спасеновски, Михаил Цветков, Љупчо Димовски и Кристијан Делев се сомничат дека преку низа малверзации во министерството, го оштетиле државниот буџет на државата за речиси милион ипол евра.
Тие се обвинети во истрага поврзана со злоупотреба на земјоделска помош и издавање на државно земјоделска помош и издавање на државно земјоделско земјиште.
Од Судот велат дека утринава на распит пред судија на претходна постапка се доведени поранешните министри Ацо Спасеновски и Михаил Цветков, како и поранешниот заменик министер Кристијан Делев. Подоцна обезбеден беше и Љупчо Димовски.
Јавен обвинител до Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за четворицата осомничени.